Јубилејното петто издание го презентира музичкото творештво во светот на џезот пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските светски културни вредности. Концертите се одржуваа на летната сцена на ЦК “Марко Цепенков”, а целиот настан е во организација на локалната самоуправа, и е дел од циклусот насловен „Сезонски фестивал”.