Четириесет и двегодишен прилепчанец на Фејсбук објавил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во хотел во Битола. Тој повикал лицата, донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ф., поради „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

извор: Makfax