Полицијата приведе 66-годишник од Виница, со иницијали Л.И. поради сомнение дека сторил кривично дело полов напад врз малолетно лице кое не наполнило 14 години.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница, информираат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор: Makfax