Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.В.(56) од Штип затоа што вчера во 10.50 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Штип со возило се обидел да повреди полициски службеник при вршење службено дејство.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

извор: Makfax