Доцна синоќа во 22: 35 часот од страна на инспектори при Одделението за криминалистичка полиција Тетово, од слобода е лишен Е.И.(31) од с.Д.Палчиште, сопственик на угостителски објект во Тетово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по чл.206 од Кривичниот законик.

При контрола на угостителскиот објект во сопственост на Е.И., истиот е затекнат како работи и покрај Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за работното време на угостителските објекти.