Oколу 10.00 часот во с.Мала Речица, Tетовско, полициски службеници на СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле Ш.З.(28) од с.Мала Речица, осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Ш.З. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

извор: Makfax