Разбојник, вооружен со нож, ограбил казино во Неготино. По неколку часа, тој бил фатен, а парите им биле вратени на сопствениците.

Според информациите на МВР, П.Ц. (24) бил уапсен денеска околу 10.30 часот на улица Индустриска, а кражбата ја извршил околу 8 часот.

Тој им се заканил на вработените со нож, одзел пари и побегнал.

При преглед кај него биле пронајдени парите и биле вратени во казиното. П.Ц. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: Makfax