Полицаец е приведeн откако со службениот пиштол пукал пред угостителски објект во Крива Паланка. Полицијата информира дена изутринава околу 1,10 часот во Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.,,Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Т.Т., полициски службеник, испукал пет куршуми во воздух од службен пиштол, по што го напуштил местото на настанот.

Подоцна тој бил лишен од слобода,а кај него и во возило „пежо“ управувано од Т.Т. при извршен преглед биле пронајдени и одземени: пиштол „ЦЗ“ , една рамка за муниција за пиштол „ЦЗ“, 10 куршуми, една рамка со 30 куршуми и лични предмети, а од местото на настанот биле подигнати 2 испукани чаури за понатамошна постапка.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка. За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

извор: Makfax