Маж на возраст од 39 години е осомничен дека ја запалил готската катедрала од 15 век во Нант, Франција.

Станува збор за бегалец од Руанда, кој работел како доброволец во катедралата и бил задолжен за затворање на зградата. Утврдено е дека пожарот избувнал на три локации.

Француските власти соопштија дека е отворена истрага поради сомневање за подметнување пожар.

Ова е втор случај на пожар во катедрала во Франција, по пожарот во Нотр Дам, кој го уништи покривот на објектот.

извор: Makfax