Приведен 32-годишен криминалец баран со потерница за издржување казна затвор.

„ Полициски службеници од Полициското одделение Велешта вчера го приведоа А.А.(32) од струшкото село Подгорци, кој бил баран со потерница од Основниот суд во Струга за издржување казна затвор во траење од две години“ соопшти МВР.

Лицето е спроведено во Казнено поправната установа затвор Струга.

извор: Makfax