Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога синоќа го привеле Е.М.(40), кој на подрачјето на Ѓорче Петров нудел за продажба марихуана.

„Е.М. бил пресретнат од страна на инспектори од Единицата за недозволена трговија со дрога, кои при негов преглед, пронашле и одзеле ќеса со марихуана, која му била подготвена за понатамошна продажба“, информираат од МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропно супстанци и прекурсори“.

извор: Makfax