Полицијата привела бегалец од затвор, кој се барал со потерница за издржување казна од 10 години.

„Денеска полицијата на улицата Востаничка во Скопје го приведе И.Ј. (37) кој се барал по потерница од КПУ- Затвор Идризово, во врска со чл.187 ст.1 КЗ на РСМ за издржување на казна затвор од 10 години, бегство од затвор за доизлежување затворска казна од шест години и пет месеци“, информираат од МВР.

Тој ќе биде предаден во Идризово.

извор: Makfax