Синоќа при акциска контрола од полициски службеници, во угостителски објект лоциран покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје, биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки од кои две македонски државјанки, а 24 странски државјанки (пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина), информираат од МВР од каде што додаваат дека девојките се приведени.

Исто така, и кај едно женско лице од Албанија (танчерка) била пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од селото Радуша-скопско бил пронајден нож.

Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово.

Од полицијата информираат и дека во угостителски објект во селото Жеровјане-тетовско бил приведен С.А.(25) од Прешево-Р.Србија поради нерегилиран престој во РСМ и во угостителски објект во с.Горно Седларце-тетовско приведени биле Г.Ќ.(28) и Р.О.(22) од Р.Албанија поради нерегулиран престој.

извор: Makfax