Грчките пристанишни власти соопштија дека откриле и привеле 22 илегални имигранти од Сомалија и од Авганистан. Имигрантите биле приведени при обид да се симнат од пластичен чамец на островот Самос во Егејското Море. Меѓу приведените се наоѓа и едно лице за кое се смета дека е турски државјанин и оти тој го организирал илегалното префрлање на имигрантите од Турција на грчка територија.