Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ги приведоа А.Ц. (20) и К.Ј. (19) од Скопско и Е.Л. (20) од Велешко поради основано сомнение дека на 10 минатиот месец околу 13: 30 часот во село Петровец извршиле разбојништво над Д.М. од Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Лицата се приведени во ПС Гази баба и по наредба на јавен обвинител е извршено препознавање, при што нападнатиот ги препознал напаѓачите. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.