Пет лица се приведени за пукањето што се случи вчера на Матка.

Од полицијата информираа дека се приведени лицата С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од селото Глумово и К.В.(24) од селото Рашче.

„С.С.(31) од селото Глумово пријавил дека околу 15 додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарски дом Матка забележал дека М.С. пука со пиштол кон неговиот брат А.С. до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е. Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот. По настанот пријавените го напуштиле местото на настанот“, велат од полицијата.

Вчера од МВР за „Макфакс“ информираа дека расправијата настанала во врска движењето на чамците во правец према Пештерата, а повредени лица нема.

Еден од напаѓачите е внук на реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

извор: Makfax