Полицијата приведе две лица од Тетово, кај кои бил пронајден хероин.

МВР јави дека апсењето се случило синоќа во гостиварското село Градец, а станува збор за лица на 45 и 49-годишна возраст.

„При нивен и преглед на возилото „киа“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.С., бил пронајден хероин. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

извор: Makfax