Вчера околу 14.00 часот на ул.„Ордан Чопела“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, за време на воведената мерка за ограничено движење, ги лишиле од слобода Ж.С.(41) и О.Х.(32) од Скопје, постапувајќи по пријава дека по претходна расправија, Ж.С. со нож се обидел да го нападне О.Х., кој потоа физички го нападнал. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

извор: Makfax