Двајца дилери од Свети Николе вчера биле приведени на наплатната станица Миладиновци.

Станува збор за лица на 37 и 38 годишна возраст со иницијали  Д.М.(37) и И.Е.(38).

„При преглед на патничко возило што го управувал И.Е., а сопатник бил Д.М., бил пронајден и одземен хероин“, велат од МВР.

Тие биле приведени во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: Makfax