4 приведени навивачи на Полска вечерва сепак ќе навиваат на трибините. Нема повредени во вчерашната тепачка затоа во текот на денот ќе бидат пуштени од станица. Тепачката настанала по вербална расправија меѓу навивачи на Полска. Двете групи се затекнале во локалот на плоштад Македонија по што избил инцидент. Навивачите иако се обидоа да избегаат беа фатени од полицијата. Шефот на локалот за Сител вели дека тепачката настанала помеѓу навивачи на два различни клубови од Полса.

Навивачите и денеска се присутни во голем број во градот. На неколку часа пред натпреварот тие се загреваа со алкохол во градските кафулиња. За вчерашниот инцидент не сакаа многу да зборуваат. Тие типуваат на победа на Полска и зачувување на лидерската позиција на табелата.

Своите очекувања за натпреварот ги слушнавме и од поранешниот полски фудбалер Марцин Зивлаков и неговиот домаќин Панче Ќумбев кој своевремено играше во полското првенство.

Црвено Жолтите играат квалификации за Европското Првенство. Резултатите кои до сега ги остварија ветуваат можен пласман на шампионатот.