Статусот на приватните специјализанти наскоро ќе се реши, тие сега добиваат плата но немаат здравствено осигурување, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција пред Министерството за здравство.

-За приватните специјализанти кои не се вработени е обезбедена сума на средтства, во вид на месечен надоместок. Тие не се здравствено осигурани, затоа што не се вработени. Го започнавме процесот, уште претходно пред криззата за нивно вработување во институциите каде што треба. Меѓутоа сега во овој момент имавме таков предизвик кој излезе на површина и разговаравме со претседателката на Комората и тоа што ќе го направиме со брза законска измена, рече Филипче и додаде дека верува дека ќе успеат во тоа.