Средниот бек на македонската ракометна репрезентација ги помина без проблем лекарските прегледи, по што истакна дека е среќен што е дел од турскиот гиган и се надева дека и во иднина ќе има успеси со клубот.

-Јас и моето семејство сме среќни и задоволни тука. Со тимот имавме добра сезона и се надевам дека ќе играме уште подобро во иднина. Имам настапувано во многу тимови, но изминатата сезона беше една од моите најдобри во кариерата, изјави Прибак.

Прибак минатата сезона пристигна во Бешикташ од Вардар, а оваа сезона ја освоија и шампионската титула, како и Купот на Турција.