Под влијание на моќниот ФЛОРИЈАН од попладнево времето во државава ќе биде нестабилно облачно со повремени поројни врнежи од дожд во најголем дел од државава кој ќе продолжат иво текот на ноќта кога исто така ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Локално можни се ИНТАНЗИВНИ атмосферски процеси кој ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Слична временска состојба ќе имаме и утре со што повеќе изразена нестабилност и врнежи ќе има на југ и на запад од државава.

Локално особено на запад и на југ од државава ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2) па затоа не се исклучува можноста за локални поројни поплави во зоната на големата нестабилност, во ваква ситуација КРАЈНО ВНИМАНИЕ.