x

Претседател на италијански клуб заразен со коронавирус

Во Италија веќе неколку дена е алармантно поради коронавирусот, но во фудбалот дури сега може да следуваат вистинските проблеми. Претседателот на Новара, Маурицио Руло е заразен со коронавирус. Тој се наоѓа во болница во Милано.

Руло се заразил за време на неговото патување во Германија. Последните неколку дена имал покачена температура, во средата е тестиран и тој покажал дека има коронавирус.

Руло бил на тренинг на својот тим на 23. февруари пред дербито со Про Верчели. Но тренингот го гледал од страна, и немал контакти со играчите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата