Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соса помогна во спасување на две жени чиј кајак се преврти во морето во провинцијата Алгарве, каде тој моментално го минува годишниот одмор.

Ребело де Соса разговараше со новинарите кога здогледа дека две жени како се превртуваат во морето.

Новинарите го снимија целиот настан, како тој пливаше за да им помогне. Претходно, им пристапи еден човек, кој исто така се обиде да го сврти кајакот. На крајот пристигна и друга помош за се повлече кајакот кон брегот.

Откако помогна, претседателот на Португалија рече дека жените тука се нашле од друга плажа.

„Морските струи ги одвлекле, кајакот се сврте и тие веќе не можеа да се вратат “, изјави тој за локалните медиуми.

Тој исто така ги предупреди жените дека во иднина мора да бидат повнимателни.