Претседателот на УО на Дојче телеком” поднесе оставка
Претседателот на Управниот одбор на германската компанија за телекомуникации “Дојче телеком”, Кај-Уве Рике вчера поднесе оставка од функцијата.
Рике беше критикуван поради “недоволно прилагодување на Дојче телеком кон новите технологии”. Него ќе го замени 43-годишниот Рене Оберман, актуелниот генерален директор на “Т-Мобајл”, одделот за мобилна телефонија на “Дојче телеком”.
“Дојче телеком”, е мнозински сопственик на Маѓар Телеком, кој, пак, е газда на “Македонски телекомуникации” и на Т-Мобиле Македонија.