x

Претседателот на Србија ни го честиташе пласманот на ЕП: Со сето срце ќе бидеме со вас

vucic

Иако Србија не успеа да се пласира на Европското првенство 2021 година, сепак претседателот на оваа држава Александар Вучиќ покажа дека е голем пријател. Големиот успех на македонските фудбалери одекна силно, а се чини тој е првиот предводник на една земја која направи убав гест, јавно ни го честиташе пласманот на континенталното натпреварување.

„На сите граѓани на Македонија им го честитам историскиот успех и пласманот на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија со сето срце ќе бидеме со вас“, порача Вучиќ на својот „Инстаграм“ профил.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата