Претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат, Зоран Дабиќ во вестите на Алфа телевизија изјави дека министерот за надворешни работи Никола Димитров 15 месеци одбива средба со него како дипломат и претседател на синдикат.

„По враќањето од Брисел каде што ја одработив поканата во мојот дипломатски домен се разбира за членството во НАТО и каде што што завршивме со успех пристапните разговори со НАТО. Јас се вратив на 1-ви ноември поточно година 15 месеци. Еве значи 15 месеци, првиот ден кога се вратив побарав средба со министерот, ми рекоа да почекам и еве се уште чекам“ потенцира Дабиќ.

Дабиќ додаде дека министерот едноставно нема интерес за средба со него, за разговор иако смета дека со неговото искуство може многу нешта да советува, но веројатно тоа е одраз на севкупната реалност во која се наоѓа самото министерство.

За него просто е неверојатно како Димитров и министерството немаат интерес да разговараат и побараат услуги од дипломат кој има 25 годишно искуство, кој откако го завршил мандатот во Виена, бил и во меѓународните организации како што е ОБСЕ.