x

Претседателот на Бенфика поткупувал играчи од други клубови!?

vieira-filipe

Антикорупциска комисија на Министерството за внатрешни работи на Португалија влегле во Бенфика и во канцеларијата на клупскиот претседател Луиш Филипе Виеира. Причината е сомнеж дека шефот на лисабонскиот клуб е вмешан во корупција, финансиски измами  и поткуп на фудбалери на други клубови, меѓу кои Маритимо и Рио Аве.

Постојат информации дека во сезоната 2015/16 играчи на овие два клуба биле финансиски стимулирани за да загубат од Бенфика. Вкупно 29 адреси биле претресени во рамките на операцијата. Меѓу нив е и фудбалскиот клуб Санта Клара и нејзини тројца фудбалери за која се смета дека правела измами при нивни трансфери.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата