Претседателот на Африканската комисија, Муса Факи Махамат, повика да се почитуваат резултатите од претседателските избори во ДР Конго.

Тој ја пренесе оваа порака преку твитер.

Во твитот има и фотографија која покажува дека Факи се сретнал со лидерот на АУ набљудувачката мисија, Дионкоунда Траоре, поранешен претседател на Мали, главниот град на Етиопија, Адис Абеба.

Набљудувачите на изборите од католичката црква на ДР Конго изјавија дека добро знаат кој е победник на изборите и ја повикаа изборната комисија да не ја крие вистината.

Изборната комисија на Конго излезе со соопштение дека напорно работат за да излезат со поконкретни резултати.

извор: Makfax