Вчера, аргентинскиот претседател Маурисио Макри објави дека ќе ги зголеми субвенциите во обкласта на социјалната заштита и ќе ги намали даноците на приход на работниците, како дел од пакетот мерки наменети за ублажување на ефектите од економската криза во земјата.

Цените на бензинот ќе бидат замрзнати 90 дена како дел од најавениот пакет мерки, пренесува „Ројтерс“.

Претседателот на Аргентина, исто така, рече дека е свесен за финансиските тешкотии со кои се соочуваат граѓаните додека „се фаќаат во костец“ со рецесијата и стапката на инфлација  од дури 55 проценти.

извор: Makfax