Привремената претседателка на Боливија, Џанин Анез, објави дека е позитивна на коронавирус, но се чувствува добро.

„Позитивна сум на ковид-19, се чувствувам добро и работам во изолација. Заедно продолжуваме“, напиша Анез на Твитер.

„Ќе бидам во карантин четиринаесет дена и ќе бидам тестирана уште еднаш“, вели таа.

Ова е втор лидер на јужноамериканска земја позитивен за коронавирус, по бразилскиот претседател.

Боливија, земја со 11 милиони луѓе, има вкупно 42.984 заразени и 1.577 мртви.

извор: Makfax