Времето претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје претпладне облачно и магливо, попладне променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 17 степени.

Утре времето ќе биде посончево, а в петок и в сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава.

Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено по должина на Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.

извор: Makfax