ПРЕТПАЗЛИВО СО АУТСАЈДЕРОТ
“Ако денеска не победиме, џабе ни било ремито со Холандија”, вели селекторот на македонската репрезентација Драган Канатларовски, пред денеш ниот четврти квалификациски натпревар за СП 2006, во рамки на Првата група, потив Андора на гости. Ако еуфоријата меѓу љубителите на фудбалот во нашата земја с&”238; уште не е стивната по оние импресивни 2:2 со Холандија, кај мак-репрезентативците е речиси заборавена и тие се концентрирани на претстојниот противник: “Како што Холандија бе- ше фаворит во саботата, ние сме фаворити денеска. Веќе сме добро одморени по тешкиот дуел и размислуваме за моментално најтеш киот натпревар, играме со единствениот аутсајдер во групата. Секогаш е теш- ко да се играат такви средби, за што опомена, но и добро искуство е она што го доживеавме во Лихтен- штајн (н.з. одигравме 1:1)”, претпазлив е капитенот Артим Шаќири, кој, сепак, додава: “Во секој случај, очекувам добра игра и победа за нови три бода во овој циклус”. Македонската експедиција во Андора, е задоволна од условите и пред се сместувањето и теренот каде ќе се игра натпреварот. Што е интересно, терено е со помали димензии од вообичаеното (95 м долг и 55 м широк). Температурата е околу 20 степени, иако Андора се наоѓа на 1.029 метри надморска височина. Во овој град држава живеат околу 72.000 жители, а Андора има фудбалска лига од 8 екипи. По вчераш- ниот тренинг на стадионот “Комунал” во Андора ла Вела, каде ќе се одигра средбата меѓу Андора и Македонија, репрезентативците имаа прошетка низ овој мал град-држава. Отсутните Седлоски, Васовски и Крстев ќе ги заменат Ставревски, Стојановски и Трајанов, а како трет- шпиц покрај дуото Пандев- Стојков во нападот, се очекува да се појави Александар Бајевски. “Не смееме да кикснеме во Андора. Како фаворити имаме дополнителна обврска да победиме. Се лажеме ако мислиме дека ќе биде лесно, бидејки и Андора знае да одигра добро и може да изненади”, предупредува селекторот Драган Канатларовски. За домашната селекција информациите се оскудни и се знае само дека досега била “топовска храна” за останатите репрезентации во сите квалификации. На досегашните две средби во нашата група, Андора загуби убедливо од Финска (0:3) и Романија (1:5). (Б.Н.)