По котлините вдолж Повардарието утре ќе има магла, која околу пладне и рано попладне ќе се намали. Во останатиот поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 18 степени.

Во Скопје магливо, околу пладне и рано попладне маглата ќе ослабе. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 13 степени.

Продолжува периодот на претежно стабилно и суво време со магла по котлините, без поголеми промени на температурата. Во петок и сабота попладне во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

извор: Makfax