Зорана Павиќ со тешко срце се прости од блиската пријателка, писателката Исидора Бјелица, која почина од карцином на јајнците. Откако поминаа 40 дена од смртта, Зорана решила да и ја исполни последната желба и да направи забава со која ќе го прослави животот. Онака како што Бјелица побарала од неа пред смртта. Забавата ќе биде организирана за викенд, а на неа треба да присуствуваат блиските пријатели и соработници. 

„Бела бајка за Бјелица“, ќе се вика последното простување од легендарната писателка, а гостите по желба на Исидора треба да бидат облечени во бело. 

Ден после смртта на Исидора, Зорана со јавноста ја подели порака која и ја испратила писателката после добиените погубни резултати.

– Пингви го добив наодот. Веќе не делува е*ената хемио, маркерот расте. Ќе пробам уште нешто, но судејќи по се нема големо фајде. Елем, не ти пишувам за да кукам, затоа што во мојот случај тоа е ситуација која ми здодеа и мене, и на Бога, и на луѓето, туку да те замолам нешто. Премногу ги сакам луѓето за да ги малтретирам да одат на толку непријатно место како што се гробиштата, или уште, не дај Боже, на некои здодевни академии каде што сите ќе се задушат од досада. Бидејќи ти на чуден начин подобро од сите мои пријатели го сфаќаше мојот сензибилитет и мојот хумор, те овластувам за една работа – кога ќе заминам во вечните ловишта, да организираш забава со многу добра музика и бел дрес код, затоа што јас сум Бјелица не Црница, и напишала Исидора пред смртта на пријателката. 

Семејството рекло дека нема да се противи на таа забава, но дека нема да присуствува ниту да ја помогне организацијата.