13-годишно девојче од Филипините било присилено да се омажи за 48-годишен маж. Венчавката била обавена на 22 октомври, а доказ за овој страшен обичај се вознемирувачките фотографии на кои се гледа како мажот го бакнува детето во образот.

Девојчето, односно малолетната невеста му е петта сопруга на Абдулрак Ампатуан, а венчавката биула обавена според муслимански обичаи. 

„Среќен сум што ја најдов и што ќе поминувам денови со неа грижејќи се за своите деца“, рекол Ампатуан кој планирал да има деца со петтата сопруга кога таа ќе наполни 20 години.

Додал и дека ќе ја испрати на училиште за да биде подготвена да стане мајка.  

Во некои делови на Филипините, особено во регијата Минданао со мнозинско муслиманско население, малолетните девојчиња ги мажат штом добијат менструација.