x

Преселбата заврши, КФСМ се огласи: Од денеска имаме нова адреса

pero-i-kfsm-e1568889784551

Како што најави СПОРТМЕДИА, КФСМ ја промени својата адреса. Седиштето на нашата „куќа на кошарката“ повеќе не е на „Улица Македонија“. Претседателот, Перо Антиќ и неговите соработници се одлучија за комфорни простории, четирипати поголеми од старите.

Денеска на својата официјална страница потврдија дека имаат нова адреса.

„Кошаркарската федерација ја информира јавноста, дека од денеска, 31.август, 2020 година, се наоѓа во нови простории и на нова адреса, улица „Дебарца“ број 28, во Скопје.

Иако има промена на адресата, понатамошната комуникација со „Куќата на кошарката“, ќе се одвива непроменето.

Односно, за комуникација по електронска пошта: [email protected][email protected].

За телефонска комуникација на располагање е истиот телефонски број, тел/факс +389 2 246 49 88, а за комуникација по пошта може да се користи и Поштенскиот Фах 318“, се вели во зивестувањето.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата