x

Пресврт победа за Мурињо и Тотенхем на Боксинг Деј (ВИДЕО)

Со пресврт во второто полувреме, Тотенхем им даде голем божиќен подарок на своите фанови во вид на осма сезонска победа. „Спарс“ во првиот меч од божиќното коло во Премиер лигата славеа на домашен терен против жилавиот Брајтон со 2:1 и се вратија меѓу петте најдобри екипи на табелата во пресрет на останатите дуели од денешното коло.

И покрај иницијативата на домашните и еден поништен гол на Кејн со помош на ВАР системот, Тотенхем не успеа да поведе. Казната стигна во 37. минута, кога Вебстер реализираше по одлично уфрлување од слободен удар за водство на Брајтон од 1:0.

 

Во вториот дел Тотенхем повторно притисна. Овој пат домашните беа многу посигурни во нападите, а Кејн успеа во 53. минута да погоди за израмнување. Откако го засилија притисокот, лондончани се изборија и за втор гол во 72. минута. Деле Али погоди со одличен полулоб за водство на составот на Мурињо.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата