Вчера, долго најавуваниот систем за “on-line” учење доживеа неуспех. Не убедуваа дека се надградува и дека денес ќе биде во ред. Денес пак, системот повторно не работи. Власта доживува исмевање на јавна сцена. Неспособноста им е секојдневие. Ќе имаме изгубени генерации, ама нема да има одговорност од никого, обвинува пратеникот Љупчо Пренџов.

„Така го навикнаа народот. За ова да не биде прва вест во текот на вчерашниот ден ја спроведоа Гордана Јанкулоска во Идризово. Денес кого ќе спроведат или осудат? За утре што правиме?

П.С и целата опозиција да ја уапсите нема да може да ја скриете сопствената неспособност и незнаење. Уште сто кривични да поднесете нема да им ги надоместите изгубените образовни часови на дечињата“, анализира тој.

Вчера, долго најавуваниот систем за “on-line” учење доживеа неуспех. Не убедуваа дека се надградува и дека денес ќе биде…

Posted by Љупчо Пренџов on Вторник, 29 септември 2020