За триумфот против Шкендија, освен пехарот и медалите кои го добиваат од Фудбалската федерација на Македонија, играчите на Пелистер ќе бидат и парично наградени од челниците на клубот. Според најавите, ќе има парична награда, односно премија од вкупно 33.000 евра која ќе ја поделат битолски херои.