Светскиот шампион се раздели со Ферари на крајот од 2014 година, за да се врати во Мекларен за “новата ера” со Хонда и да освои нови титули, но моментно тимот од Вокинг не може ниту да помириса едно од трите места на подиумот.

-Мислам дека Ферари е тимот во кој Алонсо најмногу сакаше за биде. Но имаше еден момент, кога премногу луѓе зборуваа лошо за него и беше неподносливо. Вината не беше во менаџментот, туку во гласините. Фернандо беше критикуван за тоа што не е успешен, но болидот не беше доволно добар за вториот ред и ќе беше шампион во 2010 доколку Ферари не ја погрешеше стратегијата, изјави Бријаторе.