x

ПРЕМИЕР ЛИГА: Ливерпул со „петка“ го поздрави Евертон (видео)

Екипата на Ливерпул ја продолжува серијата на одлични резултати и со победата вечерва во „Мерсисајд дербито“ ја одржа предноста од 12 бодови во однос на најблискиот конкурент за титулата Манчестер Сити. „Црвените“ го совладаа соседот со 5:2 и го испратија под црвената линија со што го притиснаа тренерот Марко Силва кој уште утре може да добие отказ.

Сите шест голови паднаа во првото полувреме. А Евертон ниту еднаш не ја загрози победата на „Црвените“. Ориги и Шаќири обезбедија 2:0, Моис Кен намамали, но потоа Ориги и Мане зголемија на 4:1 за пред крајот на првиот дел Ришарлисон да намали на 4:2. Во последната минута и Вајналдум го дотепа противникот со погодок за конечни 5:2.

Тој резултат остана до крајот, а Ливерпул го запиша 47 едноподруго натпревар без пораз на домашен терен (38 победи и 10 ремија) со тоа што победија на последните 15 меча. Тренерот Јирген Клоп ја запиша 100. победа во Премиер лигата (во 159 натпревар).

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата