x

ПРЕМИЕР ЛИГА: Лестер се „лизна“ и отиде на -10 од Ливерпул

Ливерпул го победи Вотфорд со 2:0 и со крупни чекори оди кон шампионската титула, а во другите натпревари од 17 коло имаше изненадувачки резултати. Лестер го расипа победничкиот ритам, поточно ја прекина серијата од осум победи по ред, со ремито против Норич поради кое заостана зад лидерот Ливерпул 10 бодови. „Лисиците“ одиграа само 1:1 и тоа благодарение на автоголот на гостинскиот голман Тим Крул. Претходно за „канаринците“ стрелаше финската сензација Тему Пуки.

Иако имаше цело второ полувреме да ги исправи работите, Лестер не успеа да стигне до триумф и така не ја изедначи претходната најдолга победничка серија – 9 триумфи во првенството од декември 2013 до февруари 2014.

Челси изгуби од Борнмут на домашен терен со 1:0 со атрактивниот гол на Дан Геслинг.

Геслинг со атрактивен гол го реши Челси (видео)

Астон Вила продолжува да тоне. Денеска изгуби на гостувањето кај Шефилд Јунајтед со 2:0. Барнли го совлада Њукасл 1:0.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата