x

ПРЕМИЕР ЛИГА: Брајтон имал најголема корист од ВАР системот

Во оваа сезона во Премиер лигата повеќе се зборува за ВАР системот отколку за фудбалот што е поразително за најсилната лига на светот. Се уште се свежи сеќавањата на мечот помеѓу Ливерпул и Вулверхемптон кој „Црвените“ го добија со 1:0. ВАР системот одлучи дека немало играње со рака од страна на Адам Лалана при асистенцијата за голот за водство, а потоа изедначувачкиот гол на Педро Нето беше поништен поради тоа што неговиот соиграч Џони што му асистираше со раката бил во офсајд.

Ливерпул ги освои бодовите и се приближи до титулата, но успехот беше засенет со бројни коментари за судиските одлуки и употребата на ВАР.

Еве што вели статистиката. Вулверхемптон имал најмал бенефит од ВАР системот. Ниту една одлука на ВАР не била во корист на момците на Нуно Еспирито Санто.

Кога сме кај Ливерпул, четири пати ВАР реагирал во нивна корист – поништени голови за Челси, Кристал Палас и Вулверхемптон, како и еден признаен погодок на Садио Мане.

Покрај Ливерпул и Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити четири пати имале помош од ВАР системот.

Тотенхем заедно со Саутемптон и Лестер дури пет пати имале корист од технологијата.

Но еден тим е рекордер засега. Брајтон. ВАР дури седум пати интервенирал во нивна корист.

Четири поништени голови поради офсајди, еден повторен пенал и еден поништен фаул за пенал, како и еден пенал кој го реализирал Нил Мапеј против Евертон.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата