x

Премиер лигата не памти вакво коло – соборен е рекордот по број на голови

de-brujn1

Синоќа во англиската Премиер лига се одиграа мечевите Астон Вила-Шефилд Јунајтед и Вулверхемптон и Манчестер Сити и беше комплетирано 2. коло во англиската Премиер лига. Сити не стартуваше исто со другите премиерлигаши затоа што доби одмор поради настапите во ЛШ, па дури вчера го одигра првиот натпревар од новата сезона (другите екипи веќе одиграа по два натпревари).

Сити го победи Вулверхемптон со 3:1 и така беше поставен рекорд во Премиер лигата откако таа брои 20 екипи. Ова коло се регистрирани 44 гола на 10 натпревари, а ниту еден не заврши со нерешен резултат. Беа досудени осум пенали, а покажани четири црвени картони.

Најмногу голови, по седум имаше на три меча. Лидс-Фулам 4:3, Саутемптон-Тотенхем 2:5 и Евертон-ВБА 5:2. Шест паднаа на Лестер-Барнли (4:2). По четири на Јунајтед-Палас (1:3) и Вулверхемптон-Сити (1:3), по три на Њукасл-Брајтон (0:3) и Арсенал-Вест Хем (2:1), два на Челзи-Ливерпул (0:2) и еден на Астон Вила-Шефилд Јунајтед (1:0).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата