x

Премиер лигата не отстапува: Остануваме со 3 замени на натпревар

premier-league-substitution

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека бројот на замени на натпреварите во англиското првенство нема да биде зголемен и покрај притисокот во јавноста кои го прават најголемите клубови.

„Веќе двапати гласавме за ова прашање. Не мислам дека нешто ќе се промени во блиска иднина“, рече Мастерс.

Јирген Клоп, Оле-Гунар Солскјаер и Пеп Гвардиола, менаџерите на најсилните тимови во лигата, отворено протестираа против правилото 3 замени, со оглед на тоа што оваа сезона најголемиот дел од европските шампионати и европските турнири под капата на УЕФА се играат со по 5 замени. Клубовите пред почетокот на оваа сезона гласаа против ова правило и се вратија на 3 замени. Одлуката ја донесоа главно оние од долниот дел на табелата, затоа што сметаа дека најсилните тимови во лигата со 5 замени ќе имаат предност пред нив поради силните клупи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата