Премиерот во заминување Зоран Заев вчера не ја отфрли можноста да не поднесе оставка од премиерската позиција, да не се формира техничка влада на 3 јануари и со тоа да не се одржат избори на 12 април 2010 година. 

Некои медиуми јавија дека ваквиот потег на Заев е резултат на лошите рејтинзи на СДСМ и лично неговиот на последните анкети, што би значело дека ќе ги изгубат изборите. Но, дали е така? Или се други поважни, интереси во прашање?

Според нашите информации, во купот Закони со кои СДСМ уценува одржување на избори, се измените на законот за опојни дроги  за кој во екот на одлучувањето на датумот за преговори, Владата го злоупотреби и го стави со европското знаменце.

Со овој закон практично се штитат неговите бизнис интереси, особено ако се знае дека блиски на Зоран Заев се во бизнисот за производство на масло од канабис. Сега тој закон е во собраниска процедура и со него Заев уценува одржување на избори.

Нашите извори велат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за опојни дроги (марихуана). Доколку продолжи насилно да се турка ова  решение и да се злоупотребуваат изборите, власта ќе се соочи со гневот на народот. Нема подршка за законот за опојни дроги, велат нашите извори.