x

Премиерот на Италија дециден: Тимовите на тренинг по 18 мај, натпревари во јуни!

По големата дебата на Апенините „за“ или „против“ враќање на фудбалот на терените, денеска со своја изјава на прес-конференција се појави и премиерот на Италија, Џузепе Конте.

На новинарско прашање кога екипите ќе добијат „зелено светло“ за почеток на тренинзите, Конте вели дека тоа нема да се сличи во првата половина на мај.

„Доколку индивидуалните тренинзи започнат повторно на 4 мај, тимскиот спорт ќе мора да почека до 18 мај“, изјавил премиерот на Италија.

Со ова веројатно станува се поизвесно дека до почетокот на јуни тешко дека може да го видиме првиот меч во Серија А, со оглед на тоа што клубовите ќе мора да добијат најмалку три недели за тренинзи пред првите средби. Новите пресметки велат дека првите фудбалски возбудувања во Италија може да ги чекаме од 10 до 12 јуни.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата