Премиерот е оптимист дека Македонија и Грција ќе изнајдат мудро и достонствено решение за името. Направен е голем напредо во тој правец оцени Заев. Тој истакна дека крајна цел на владата е да постигне решение кое нема да задира во идентитетот.

– Добро е што направивме исчекори, тие се огромни. Се надевам дека и за она што е останато за крај, а е многу сериозно и важно, ќе се изнајде решение кое ќе го почитува достоинството на двете земји и идентитетот на граѓантие, изјави денеска во Охрид премиерот Зоран Заев во пресрет на утрешната нова рунда разговори за прашањето за името во Атина.

Заев ги отфрли критиките на опозицијата дека не е информирана за текот на преговорите. Тој тврди дека тој неколку пати побарал лидерска средба за да ја брифира опзоцијата за преговарачкиот процес, но без успех.

Во мегувреме, според информациите на грчките медиуми Димитров и Козиас на средбата во Сунио, ке се фокусираат на продготување на теренот за клучниот состанок мегу премиерите Заев и Ципрас, кој ќе се одржи на 17 мај во Софија, на форумот на ЕУ за Западен Балкан. Тие од овие разговори не очекуваат никакви пресврт или решенија туку само потврда и порака до јавноста на двете земји дека процесот е активен и дека решението е можно.